Британскиот премиер Борис Џонсон денес објави нов пакет построги мерки со цел да се запре ширењето на коронавирусот, нагласувајќи дека владата ќе ја прошири употребата на маски и ќе го зајакне таканареченото правило шест.
Во обраќањето до парламентот, Џонсон изјавил дека сака да избалансира посилни мерки со секојдневниот живот и да ги држи продавниците отворени што е можно подолго, пишува Ројтерс.
Како што соопштил, сите правила важат за сите четири нации на Велика Британија.
Британскиот премиер изјавил дека новите мерки најверојатно ќе важат во наредните шест месеци и ги предупреди граѓаните да не бидат самоуверени, пренесува Гардијан.
„По шест месеци, многумина мислат дека се имуни на вирусот, но тој став е опасен“, рекол Џонсон.
Меѓу новите мерки е и задолжителното носење маски, кои доколку бидат прекршени, ќе бидат казнети со 200 фунти, пабовите и рестораните ќе работат до 22 часот и ќе нудат само седење на маси, а маските ќе бидат задолжителни и во такси возилата.
Исто така, Џонсон рече дека една од обврските ќе биде воведување на задолжителни заштитни мерки на работа, а се воведува правило број шест, според кое максимум 15 лица ќе можат да присуствуваат на свадби, а таа мерка ќе стапи на сила од понеделник.