Британскиот премиер, Борис Џонсон, денес истакна дека оваа недела ќе одреди како ќе изгледа внимателно, но конечно и неповратниот пат од блокадата предизвиката од Ковид пандемијата, откако во оваа земја се вакцинираа 15 милиони луѓе.
Со оглед на тоа дека речиси четвртина од населението во Обединетото Кралство е вакцинирана со првата доза од Ковид вакцините за нешто повеќе од два месеци, Џонсон е под притисок на бројните законодавци, но и компаниите, со цел да ги намали рестриктивните мерки и да ја заживее економијата.
„Мораме да бидеме внимателни, но она што сите го сакаме е напредок на земјата, кој е неповратен. Ако успееме, ќе одредиме датум кога ќе стартуваме со ублажување на мерките“, истакна Џонсон.
Тој претходно најави дека на 22. февруари ќе биде новиот локдаун, и порано нагласи дека и натаму има опасност од заразата и натаму исто така умираат голем број на луѓе.
Запрашан, дали училиштата ќе бидат повторно отворени на 8. март, Џонсон посочи дека ќе направи се за да го осигура овој чекор.
Ако повторно се заразат голем број на луѓе, постои ризик од мутација на вирусот и од ширење на постарите и ранливи категории.
Обединетото Кралство е петтата земја на светот со најмногу починати како последица на коронавирусот, а на листата пред нив се САД, Бразил, Мексико и Индија.