Џорџ и Амал очекуваат машко и женско бебе

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Според новиот број на списанието In Touch Weekly Џорџ и Амал Клуни очекуваат момче и девојче во почетокот на летото.

Изданието пишува дека британската адвокатка забременила по процедура инвитро во есента минатата година. Извор близок до 38-годишната сопруга на холивудската ѕвезда вели: “Кога Џорџ и Амал разбраа дека ќе имаат близнаци беа изненадени, но и исплашени. Но, веста дека ќе имаат син и ќерка ги направи навистина среќни. Тие имаат чувство дека го добиле семејниот џекпот. ”

До пред неколку години Џорџ тврдеше дека не сака да се жени и да станува татко. Сето тоа се промени, откако ја сретна адвокатката за човекови права пред неколку години.

Сега тој навистина сака деца и бил многу возбуден за бременоста на Амал, а дури и измислил имиња на бебињата, па момченцето требало да се вика Николас како таткото на актерот.

Во моментов сопружниците опремуваат детски соби во својот дом во Англија.