Веста дека Џорџ и Амал Клуни чекаат близнаци одамна лебди низ медиумскиот простор, а веќе е и официјално потврдена.
Бебињата на ѕвездите треба да се појават на светот во јуни, објави CBS. Телевизиската водителка Џули Чен ги поздрави идните родители велејќи дека тие ѝ дале дозвола да ја објави веста.
Џорџ и Амал склучија брак на раскошна церемонија во Венеција пред две години. Близнаците ќе се први деца за 55-годишната холивудска ѕвезда и 38-годишната адвокатка.
Неодамна пред RadarOnline блиски до ѕвездите соопштиле дека Клуни им признал дека ќе станува татко. И ако претходно неговата партнерка пиела црвено вино, сега си нарачала кафе без кофеин.