Џорџ Клуни раскажа за несреќата, во која учествуваше во јули 2018 година. Тој вели дека за миг помислил дека може да умре.

“Удрив со повеќе од 100 км / ч. Беше многу страшно “, рече актерот. Тој додава дека од ударот неговиот шлем се поделил на две, а неговите чевли излетале.

Случката настанува на пат во во градот Олбија кога Клуни го вози својот мотор и се судира со автомобил кој го исфрла од моторот и актерот завршува на шофершајбната на автомобилот. Во првите минути на несреќата, ѕвездата мислелa дека ja удрил главата многу сериозно и не сметал дека ќе оживее.

“Само чекав светлината да згасне, бидејќи знаев дека сум го скршил стаклото со главата”. Штом бил примен во болница, актерот бил подложен на магнетна резонанца, која покажала дека сè е во ред.

Сопругот на Амал Клуни призна дека инцидентот толку го уплашил што решил да го остави моторот за во иднина.

Фото: Ројтерс