Џорџ Сорос крие 18 милијарди долари кои американските даночни служби никогаш нема да можат да ги допрат, пишуваат медиумите.

Во приватната хуманитарна организација милионерот држи сума поголема од економиите на Јамајка или Албанија, на пример. Тие пари, американските даночни служби никогаш нема да можат да ги оданочат.
Сорос повеќе од 19 милијарди долари пренесе од својот инвестициски фонд во фондацијата Отворено општество последните неколку години.
Како што наведува Волстрит џурнал, кога некој донира, неодреден имот на приватна фондација, може да задржи 20 отсто од својата пазарна вредност на даночната пријава. Што може да важи пет години.
Кога Конгресот ја елиминираше даночната повластица во 2008 година, инвеститорите добија налог до 31 декември 2017 година, да платат акумулирани даноци. Откако Сорос го искористи овој даночен маневар, излезе дека не должи ништо на IRS.
Дoнаторите на тој начин можат да ги контролираат своите пари со години или дури и со децении, затоа што фондациите може да ангажираат и членови од семејството да управуваат со таа работа. Значи, парите може да останата во семејството Сорос вечно.
Самиот Сорос секогаш вели дека богатите во САД треба да издвојат повеќе данок, но очигледно тој себеси не се вбројува во богаташите.
Медиумите пишуваат дека слично прави и Марк Цукерберг кој пак вети дека ќе се откаже од 99 отсто од акциите на Facebook.