Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, покажа како ги комбинира тренинзите со нејзините родителски одговорности.

Убавицата објави видеоснимка на социјалните мрежи, која предизвика голем интерес за неколку часа.
„Моја среќа, моето семејство. Ги сакам. Ја насочуваме целата енергија кон тато и Јувентус“, пишува таа кон видеото.
Синоќа, Кристијано Роналдо и неговиот Јувентус играа против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и победија со 1-0 во Англија.
https://www.instagram.com/p/BpSRThJgzWZ/?utm_source=ig_embed