Џозеф: ЕУ не презема ништо и дозволува Бугарија да ја попречува Македонија

од Nikola Popovski
344 прегледи

Заморот од проширувањето е голем проблем затоа што тоа е подарок за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на гласачите може да им го претстави како несериозност и незаинтересираност на европските партнери, да укаже на пример на Северна Македонија, која е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ, оценува во интервју за РСЕ“, Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

Според него, ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија.

-Унијата не прави ништо, како и Германија за време на нејзиното претседавање, со што ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел, вели Џозеф.

Слични содржини