Џулијан Асанж позитивен на корона, откриено кои симптоми ги има

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Стела Асанж изјави за агенцијата PA дека е загрижена за здравјето на нејзиниот сопруг, за кое вели дека се влошило откако тој беше испратен во затворот Белмарш пред три години по неговиот егзил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Според неа, Асанж не се чувствува добро од минатата недела, кога почнал да кашла и добил температура.

Тој добил позитивен тест за ковид-19 во саботата, истиот ден кога илјадници луѓе се собраа во Лондон за да го поддржат.

„Многу сум загрижена и следните денови ќе бидат од пресудно значење за неговата општа здравствена состојба. Сега тој е затворен во ќелија 24 часа на ден“, рече таа.

Слични содржини