Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп – Рудолф Џулијани, изјави дека никогаш не негираше дека во изборната кампања на претседателот во 2016 година имало релации со руската влада , туку  само тврдел дека лично Трамп не е вмешан.

Во интервју за емисијата “Cuomo Prime Time” во етерот на CNN поранешниот градоначалник на Њујорк коментира дека не знае дали други учесници во кампањата, вклучувајќи го и Пол Манафорт работеле со Кремљ во 2016 година

  “Никогаш не реков дека нема заговор за време на кампањата, или дека учесниците во кампањата не се вклучени”, вели Џулијани.

“Зборував за претседателот на САД. Нема ниту еден доказ дека претседателот на САД е вмешан во што и да е или какво било кривично дело, кое би можело да се  заврши во заговор со Русите, за да биде пробиени Националниот комитет на Демократската партија.” – тврди адвокатот на Трамп.