Диетата во која Кардашијан се КОЛНЕ: Следела план на исхрана еден месец и се преполовила!

од Stefanija Kuzmanovska
516 прегледи

Доколку сакате брзо да ослабете, диетата во која се колне Ким Кардашијан е совршена за вас.

Во моментов, новата верзија на една од најпопуларните диети на сите времиња е апсолутен хит во Холивуд. Тоа е диетата „Аткинс“, но со малку изменет режим на исхрана.

Вака изгледа менито:

Диетата што некогаш ја смислил д-р Роберт Аткинс сега е насочена кон елиминирање на сувомесните производи од исхраната. Така, телото станува машина за топење и согорување на маснотии.

Новата диета „Аткинсон“ се состои од 3 фази.

Во првата фаза, внесувањето на јаглехидрати е ограничено на само 20 грама на ден. Должината на оваа фаза е 2 недели, а меѓу дозволените јадења се сите видови месо, морски плодови, свеж зелен зеленчук со лисја, јајца, сите видови маснотии и цели млечни производи.

Во втората фаза, постои постепено воведување на јаглехидрати, особено преку зеленчук и мали количини бобинки. Тогаш е дозволено да се вклучат сувомеснати производи во исхраната.

Во оригиналната верзија на диетата „Аткинс“, сувомесните производи беа дозволени и во првата фаза. Сега, сепак, заклучено е дека тие можат да го забават процесот на топење на маснотиите на самиот почеток на променетата диета.

Во третата фаза се внесува оптимална количина јаглехидрати – од 60 до 100 грама на ден, во зависност од конституцијата, која служи за одржување на постигнатата тежина. На луѓето кои ја следеле оваа диета им се препорачува да продолжат со ограничен внес на јаглехидрати дури и откако ќе ја достигнат посакуваната тежина, што всушност е неформална четврта фаза од диетата.

Во текот на првата фаза, луѓето кои се на диета „Аткинс“ губат многу тежина, бидејќи нивната исхрана се базира на протеини. Сепак, во следните фази, исто така, потребно е вежбање.

Која храна е дозволена?

* Месо – говедско, јагнешко месо, пилешко, патка, мисиркино месо, сланина

* Риба – мрсна и морска риба, пастрмка, лосос, сардини

* Јајца

* Спанаќ, брокула, кељ, аспарагус, зелена салата, рукола, краставица, целер, кромид, печурки и пиперки

* Бадеми, лешници, ореви и семки од сончоглед

* Маслиново масло, кокосово масло и масло од авокадо

* Билни зачини

Правила:

Правилата на диетата Аткинс се многу едноставни – сè додека менито главно се базира на протеини, со употреба на здрави масла, како и зеленчук, ореви и семиња, килограмите ќе се стопат.

Сепак, она за што лекарите постојано предупредуваат е дека оваа диета не треба да ја практикуваат сите што сакаат да изгубат вишок килограми. Еден од несаканите ефекти на диетата „Аткинс“ е запек, а ако храната е премногу солена, може да се појави ненадеен скок на крвниот притисок.

Слични содржини