Дијагностициран рак на ѕвезда од серијата „Чувари на плажа“

од Stefanija Kuzmanovska

Никол Егерт, 51-годишната ѕвезда на култната серија „Чувари на плажа“, во понеделникот откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран крибриформен карцином во втор стадиум.

Егерт изјавила за People дека мислела дека нејзините симптоми се знаци на менопауза, додавајќи дека се здебелила 11 килограми за три месеци и дека во ноември почувствувала „страшна болка“ во левата града. Откако ја открила грутката за време на преглед, се јавила на лекар.

„Навистина пулсираше и болеше. Веднаш отидов кај општата лекарка, а таа ми рече дека морам веднаш да одам на преглед“, објаснила Егерт.

Иако со мамографија и три биопсии е утврдено дека има рак на дојка, таа се уште не знае дали болеста се проширила и на другите делови од телото.

Мајката на две деца ќе мора да оди на операција и во моментов чека онкологот да утврди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.

„Таму е. Треба да се извади. Прашање е дали јас треба да направам третман пред операцијата или тие прво ќе ја направат операцијата, па јас потоа ќе продолжам со лекувањето“, навела актерката.

Слични содржини