ДИК: Ако гласачот постои во избирачкиот список, а уредот за биометриска идентификација не го препознава, отпечаток да остави во изводот на избирачкиот список

од Vladimir Zorba
675 прегледи

Од Државната изборна комисија (ДИК) денеска е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот на денешната прва прес конференција го прочита претседателот на Комисијата – Александар Даштевски:

„Почитувани,

ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

ДИК“