ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,65 проценти

За споредба, на претходните локални избори 202-ва вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во земјава.

Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, до 18:30 часот одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин од 94,62% од обработените избирачки места. На гласање излегле 803.091 граѓанин, односно 94,62% од обработените избирачки места. Од 3.474 места обработени се 3.287. На овие избирачки места гласаат 1.721.645 граѓани.

За споредба, на претходните локални избори 202-ва вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти.