ДИК: Фингерпринтовите работат на батерии и потребно е да се полнат во текот на денот

од Nikola Popovski
354 прегледи

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека денеска се стигнати уште 600 уреди за биометриска идентификација на гласачите, а утре ќе дојде и последниот камион со уште 1.000.

Со нив ќе управуваат претседателот и заменик претседателот на Избирачкиот одбор. На секои 2 часа уредот ќе принта извештај за вкупниот број лица кои гласале на избирачкото место.

Фингерпринтовите работат на батерии и потребно е да се полнат во текот на денот. 34 избирачки места имаат проблеми со струјата и во тек се преговори со ЕВН да се отстранат сите дефекти за да може непречено да се одвива изборниот процес на 17 октомври. Доколку терминалот се расипе и не може да се замени со друг, избирачките одбори ќе имаат резервна варијанта, ќе користат УВ ламба и спрејови.

Даштевски рече дека можноста да се расипат апаратите е до 5 отсто, а ние имаме купено резерви од 15 отсто и додаде дека ваква можност ќе биде ретка или можеби нема да се појави.

-Вкупниот број на уреди е 4.000, а имаме 3.480 избирачки места што значи 520 апарти ќе бидат вишок и ќе бидат распоредени по потреба, изјави Даштевски.

Toj додаде дека во Скопје и во поголемите градови каде има повеќе избирачки места, ќе бидат оставени повеќе, а во помалите општини ќе се остави по еден за да има доволно секаде.

Слични содржини