Денес беа објавени конечните резултати од страна на Државната изборна комисија, во рамки на предвремените локални избори во Штип. На овие избори победа издвои, Сашко Николов од СДСМ кој освои 11.477 гласови.
Во оваа насока, кандидатот од Интегра, Симон Поликарп освои 1.179 гласови, додека Ангелов од Иднината во наши раце, 276 гласови. Независниот кандидат Трајчо Митев освоил 280, додека кандидатот на ТМРО, Лазар Наумов 282 гласови.
Инаку, за потсетување, право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41 777 гласачи. Правото на глас го искористиле 14.301 гласач, неупотребени биле 26.845 ливчиња, важечки 13.485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.
На 13 декември за градоначалник освен во Штип се гласаше и во Пласница.
Конечните резултати за Пласница беа соопштение на седницата на ДИК во четвртокот. Најмногу гласови 1.696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.
Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница се до одржувањето на локалните избори пролетта 2022 година