ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто

од desk4
85 прегледи

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска.

Таа додаде дека на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи.

Според ДИК, гласањето во првите три и пол часа се одвива мирно.

Во првиот круг од изборите до 10 часот излезеноста изнесуваше 6,05 отсто