ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

За четвртата точка - предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет на општина, односно членови на совет на Град Скопје, „за“ гласаа петмина членови, а еден „против“.

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху.

За четвртата точка – предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет на општина, односно членови на совет на Град Скопје, „за“ гласаа петмина членови, а еден „против“.

Согласно Изборниот законик, како што истакна Кондарко, натамошна правна процедура по правен лек е дозволено со право на тужба до Управниот суд од страна на членот на ДИК, кој има спротивно мислење од ваквата одлука на ДИК.

Слични содржини