ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче: Пендаровски 1, Силјановска 2…

од Nikola Popovski
214 прегледи

Државната изборна комисија ја спроведе жрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на државата. Актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ- Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Макисм Димитриевски.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.

Слични содржини