Одзивот на гласачи за предвремените избори за градоначалник до 17:00 попладне во Општина Штип изнесува 29,01 отсто, односно гласале 11 701 гласач, додека во Општина Пласница гласале 1 888 гласачи, што е 38,11 проценти од избирачите со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До овој момент до ДИК, соопштуваат оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Деталните информации во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk .

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Слични содржини