Во врска со објавените текстови на дел од медиумите дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија во Карпош, ДИК соопшти дека просторијата каде е сместена Подрачното одделеније во Карпош не е во сопственост на ДИК, туку на локалната самоуправа, и тие се се објективните капацитети со кои располага општината и кои можела да ги отстапи.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Карпош.
По допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожалило дека не може да го депонира својот потпис за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, Комисијата одлучила да изврши увид во подрачното одделение на ДИК во Општина Карпош, каде било утврдено дека објектот е неприлагоден и непристапен за лицата со физичка попреченост. Со тоа, тие не можат да го остваруваат своето загарантирано право на учество во политичкиот и јавниот живот, изјавија од КСЗД.