ДИК: Шилегов води пред Арсовска

од Берта Китинска
472 прегледи

Според податоците што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница до 22:40 часот, Шилегов има 37,59% од гласовите, додека Арсовска 34,15%, по што следи Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 5,66%, Перо Георгиевски од Левица – 4,85%, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,41% и Александар Тортевски од Твоја партија – 1,18%, додека останатите кандидати се под еден процент.