Денеска, на Предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница своето право на глас го остварија лицата позитивни на Ковид-19 и лицата во самоизолација.
Од 12 пријавени за гласање во општина Штип, до 14 часот сите го остварија своето право на глас на
Во општина Пласница немаше пријавени за гласање, информираа од Државната изборна комисија.
Во недела е изборниот ден, кога во 7 часот ќе се отворат гласачките места, а во 19 часот ќе се затворат. Според Државната изборна комисија, во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип запишани се 39.605 гласача.
Во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор запишани се 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи.