На денешната прва јавна седница од новиот мандатски состав, ДИК ја усвои финансиската програма за јавни набавки за 2021. година, односно спроведувањето на Локалните избори кои ќе чинат 263 милиони денари.
Меѓудругото, претседателот на ДИК, Даштевски, потенцира дека не е познато дали и овие средства ќе бидат доволни, со оглед на тоа дека некои општини ќе се соочат и со два круга на гласање. Во секој случај, ставките се услогласени како што вели, и би требало да ги покријат потребите.
Во однос на средствата од три милиони денари кои не им се доделени од Министерството за финансии, Комисијата одлучи барањето повторно да биде доствено до истото Министерство. Појаснија дека станува збор за набавка на техничка опрема за евиденција и идентификација на гласачите и за електронски избирачки список – обврска согласно измените на Изборниот законик од 16 02 20220 (член 108 а и член 45)
„Станува збор за фингер-принтери кој ќе ја олесни идентификацијата на галасачите, при што би требало да има софтвер со кој гласачот веднаш се идентификува, со што ќе се скрати постапката и ќе се врати довербата на гласачите во избирачкиот процес. Тоа е една од неколкуте мерките кои ги планираме за враќање на довербата на гласачите“, истакна Даштевски.
ДИК го усвои и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2021 година, односно за потребите за платите и за тековното работење на комисијата во износ од 77.297.000 денари. Сите набавки ќе одат преку електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, вклучувајќи ги тука и оние за организирање на Локалните избори 2021 година.
„Набавките и оваа година ќе бидат транспарентни и може ќе се намалат цените заради поголемата конкурентност. Поголемиот дел од набавките за овие избори ги делиме заедно со општините каде ќе се спроведуваат изборите. Што се однесува до ОИК, избирачките одбори нивниот траснпорт до избирачкото место го плаќаат општините, додека техничкиот дел или материјалот спаѓа на товар на ДИК“, посочи пак, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.
За медиумска кампања за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 предвидени се 170 милиони денари. Доколу има потреба од повеќе ќе побараат и дополнителни средства од Министерството за финансии, изјави Даштевски на новинарско прашање.