ДИК за излезноста во Скопје: Карпош со 47,05 отсто, Шуто Оризари со 28,48 отсто

од Vladimir Zorba
580 прегледи

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференцијата во ДИК соопшти дека на ниво на Град Скопје од 89, 93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39, 99 отсто од гласачите.

Гугучевска ја соопшти и излезноста во некои од скопските општини – Аеродром 42,37 отсто, во Бутел 36, 65 отсто, Гази Баба 38,18 отсто, Ѓорче Петров 40,75 отсто, Карпош 47,05 отсто и Шуто Оризари 28,48 отсто.

До ДИК пристигнале 433 приговори за лично избирачко право од кои 378 се прифатени 34 се одбиени и 21 запипшани во Избирачкиот список.

Гугучевска соопшти дека до ДИК нема пријава за инциденти. Освен на тие девет избирачки места за кои беше известено претпладнето и каде се надминати проблемот, до 17 часот нема пријавено други проблеми на избирачките места.

Наредната прес-конференција во ДИК е во 19 часот.

Слични содржини