Дилер фатен дома со различни видови дрога

од Nikola Popovski
191 прегледи

Денеска (24.07.2023) Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода Ј.А.(30) од Кавадарци.

Имено, по претходно преземени мерки и активности и врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом во Кавадарци во кој тој престојува, при што беа пронајдени една ќеса и повеќе пакувања со марихуана, пакување со кокаин, пакување со амфетамин, дигитална вага со траги од дрога и поголем износ на пари во различни валути.

Ј.А. е приведен во ОВР Кавадарци и по комплетно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини