Дански трговец со дрога кој имал 1.000 цигари со марихуана по грешка влегол во полициско возило место во такси, соопшти полицијата во Копенхаген.

„Минатата ноќ еден продавач на хашиш од областа Кристијанија, во брзањето да стигне дома влезе во полициско возило мислејќи дека е такси. Многу се изненади кога увиде каде всушност влегол“, наведе полицијата.
Кристијанија е либерална област во Копенхаген која во 70-тете години беше главен пазар за канабис.
Полицијата додаде дека веднаш го уапсиле дилерот кога ја пронашле дрогата кај него.