Димитриевски: Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, каде се одбележа чествувањето на големиот државен празник 2 Август –Денот на Републиката.

“ Денеска одбележуваме 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, оддавајќи им почит на нашите предци, кои нѐ задолжија со своите херојски дела, поставувајќи ги темелите на современата македонска држава. Одговорност на секој од нас е да ја чуваме татковината. Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, на слобода, демократија и општествени вредности. Да ја празнуваме македонската историја и да го негуваме македонскиот јазик како темел на нашиот идентитет. До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на Св. Илија. Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!”, стои во честитката од градоначалникот Димитриевски.

Слични содржини