Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија рече дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европејски.
„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.
Димитриевски потсети дека во Македонија доаѓаа политичари од Бугарија и навредуваа, кажувајќи дека Македонија е Бугарија, од Охридско езеро до Црно море, дека Охрид е најубавиот град во Бугарија итн.
„Замислете ја реакцијата на македонската јавност. Зошто дојде до ова? Во континуитет македонскиот народ, македонската државност се навредува. Да се вратиме на минатото на кое ќе базираме и иднина, ќе го почитуваме минатото. Јас бев првиот политичар во Македонија којшто одбележа заеднички датум од историјата, позитивната историја на македонскиот и бугарскиот народ, борбата на Страцин, првата година Иван Сечанов дојде господинот претседателот на здружението на воените ветерани на Бугарија ја кажа целата вистина, дека Бугарија била фашистичка во Втората светска војна, дека таа војна е водена таму заедно со македонските партизани“, посочи Димитриевски.