Димитриевски е против истополови бракови, но смета дека секој може што сака да прави согласно Уставот

од Nikola Popovski
195 прегледи

Градоначалникот на Куманово и лидер на новата партија ЗНАМ, Максим Димитриевски синоќа порача дека за него истополовите бракови се неприфатливи, но секој може да прави во својот живот што сака и да живее на начин како што тој ќе определи согласно законот, Уставот и сите правни акти кои се на сила. Димитриевски исто така е против менување на полот кое би било финансирано од буџетски пари.

-Јас потекнувам од едно традиционално семејство, за мене такво нешто е страно, сум немал такво искуство, велат луѓето го менуваат својот став или мислење кога тоа ќе го почувствуваат на сопствена кожа, изјави Димитриевски во интервјуто за „360“ на МТВ.

Тој додаде и дека има соработници кои се припадници на ЛГБТИ-заедницата и дека нема негативно мислење за нив како индивидуи, но проблемот, вели, е фактот што “движењето е пренагласено и наметнува одредени ставови и мислења на останатите луѓе кои се хетеросексуалци“.

Слични содржини