Претседателот на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Тетово, Илија Димитриевски, објави дека е избран за носител на листата на коалицијата за членови на Советот на Општина Тетово на претстојните локални избори.
„За мене ваквиот ангажман во советот во својот роден град претставува голема чест и одговорност. Јавно ветувам дека со мене ќе имате пријател во локалната власт, ќе бидам отворен за сите ваши барања и ќе помагам на сите кои имаат потреба и ќе ми се обратат. Тие што ме знаат, знаат дека никогаш не сум ги делел луѓето по национална, верска, партиска или друга припадност.Исто така, објавувам и дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во новата локална самоуправа ќе има ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ на општина Тетово“, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Воедно и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, а ја објави листата со кандидати за советници за претстојните локални избори за Советот на Општина Битола.
Носител на листата е Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница Битола. Димовски извршувал и други функции, бил дел од раководниот тим на клиничката болница во Битола, началник на одделот радиологија во болницата, а моментно е и шеф на здравствениот тим на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.