Димитриевски: Клучно е Македонија да стане самоодржлива држава во која суштински ќе се менуваат нештата

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Од првиот момент кога ќе ја добиеме поддршката од граѓаните, ќе излеземе и ќе им објасниме на граѓаните во каква финансиска состојба се наоѓа Македонија како што тоа го направивме во Куманово. Колку се нашите вкупни долгови, каква е состојбата на сите државни фондови и тогаш ќе излеземе со конкретна анализа како тоа ќе го реализираме во следниот период. Секако ќе излеземе со издржана програма во предизборниот период којашто претходно ќе ја усвоиме на претстојниот конгрес што ќе се одржи кон крајот на февруари или почеток на март, вели лидерот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Клучно е Македонија да стане самоодржлива држава во која суштински ќе се менуваат нештата, а состојбите од моменталниот минус да се доведат на нула и понатаму да се придвижуваат нагоре, истакна тој.

„Тоа значи да ги искористува своите природни капацитети, наместо да завршуваат во приватните џебови да завршуваат во буџетот на државата, а преку буџетот да се слеваат во граѓанските буџети. Да се подигне граѓанскиот стандард, степенот и нивото на живеење, минималните плати, пензиите и сите тие работи за коишто многумина говорат, но само паушално“, додаде Димитриевски.

Слични содржини