Димитриевски кон САД: Отворете го визниот режим, потребна ни е помош да се спасиме од бугарските пасоши,

од Vladimir Zorba

Нашите стратешки партнерства се најбитниот момент за оваа мала и скромна држава. Имаме еден договор потпишан со Соединети Американски Држави  и јас искрено верувам дека тие се нашиот реален партнер, но мора да бидат многу поотворени и многу подиректни. И од овде упатувам еден апел до нив, до нашиот стратешки партнер САД: Знам дека сакате да ни помогнете, ние го очекуваме тоа, нам ни е потребна помош да се спасиме од бугарските пасоши, направете. Тоа е асимилација на македонскиот народ. Отворете го визниот режим за САД, за една мала Македонија. Со тоа ќе дадете пример за Европа дека суштински стоите зад нас и на тој начин нештата ќе се придвижат напред. Во спротивно негациите кои што доаѓаат во моментот во Софија, ќе  продолжат и ќе се прошират,  не само кон нас туку и кон сите држави во регионот, вели градоначалникот на Општина Куманово и идеен творец на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во вчерашното обраќање по потпишување на Иницијативата за формирање на новиот политички субјект.

Димитриевски јасно порача дека тој е Европеец, и граѓаните на Македонија се Европејци, родени во Европа и нивното место е таму. 

Ние не сме Западен Балкан, ние сме Југоисточна Европа. Ние сме европејци, исто како што се тие и во Париз и во Берлин и во  Прага и во сите големи европски центри. Нашето место е на тој пат, во Европа. Но, не не убедувајте со зборови, убедувајте не со конкретни дела и едноставно најдете начин да ги решите еднострано наметнатите проблеми од државите членки кои што доаѓаат кон сопствените соседи, а се членови на ЕУ. Друг начин и решение на овој проблем, не гледам. А претходно во една прилика реков: Да, Бугарите во уставот од моментот примена на амандманските измени кога Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ . Зошто? Бидејќи самиот министер за надворешни работи го потврди тоа во едно негово интервју за германски весник кај што рече дека ова не е последната работа и уцена која што се бара од Бугарија кон нас, дополни тој. 

На настанот се обрати и пензионираниот генерал мајор Павле Арсоски, кој со стаж од повеќе од 30 години учествувал во формирањето на македонските вооружените сили од првиот ден, и верно ѝ служел на татковината.

“За сите тие години како армиски професионалец можев само да ги следам политичките процеси, но не и да се вклучувам во нив. Работев, се образував, специјализирав. И воено и цивилно. Денеска, како генерал мајор, доктор на историски науки, после 32 години воена служба за Македонија, од неодамна се придружив на една друга, многу побројна армија – армијата на пензионерите! Ја чувствувам обврската, со целото мое професионално и лично искуство активно да се вклучам во политичкиот живот во Македонија. Оти верувам дека со политиката треба се занимаваат луѓе кои имаат капацитет и личен интегритет. Поединци на кои општествениот интерес им е пред личниот. Луѓе чесни, работливи, пожртвувани, хумани, непоткупливи. Спремни да им служат на граѓаните, да служат за општо добро”, изјави генерал Арсоски. 

Слични содржини