Димитриевски најави изградба на споменик за бранителите од 2001 и полицајците од настаните во Диво Насеље

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од немилите настани во Диво Насеље во 2015 година во Куманово.

„Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните “ЗАПВАРС” од Куманово за изградба на спомен обележје на сите Кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“, истакна Димитриевски.

Слични содржини