Димитриевски се вакцинираше со „Синофарм“

од Берта Китинска
354 прегледи

Денес ја примив првата доза на вакцината “Синофарм” и се чувствувам добро. Му благодарам на здравствениот персонал за одличната организација во Куманово во процесот на имунизација, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

-Вакцините се безбедни, го штитат нашето здравје и само со вакцинација може целосно да ја запреме пандемијата. Апелирам граѓаните да се пријават и да го остварат своето право на имунизација за побрзо да излеземе од оваа здравствена криза и да се вратиме во нормала, со секојдневните животни активности, напиша на својот Фејсбук профил Димитриевски.

Денеска со во Куманово својата прва доза на вакцина ја прими и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој изрази задоволство од заинтересираноста на кумановци за вакцинација и изрази благодарност до медицинските лица за спроведување на процесот на имунизација.

Слични содржини