Димитриевски во Брисел доби награда за најдобар градоначалник на Ромите

од Nikola Popovski

Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на Општината Максим Димитриевски е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот “The Most Roma Friendly Mayor”, на покана на активистите од невладиниот сектор, кој работи на прашања поврзани со припадниците на ромската етничка заедница на Балканот. Во рамките на викендот на Ромите во Европскиот парламент се одржува конференција, на која учество ќе земат повеќе претставници од општините од Западен Балкан, невладини организации и пратеници од Европскиот парламент.

-Голема е честа за мене како Градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за Градоначалник – најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Северна Македонија, но тоа е МАКЕДОНИЈА. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа, објави Димитриевски и додава:

-Граѓаните на Куманово сакаат да Ви се заблагодарат затоа што ние се гордееме со Вас, но ве молам дојдете и поддржете не. Не е прифатливо во 21 век да се блокира некоја земја за да не може да се прклучи на Еропската Унија. Како што кажавте дека Западен Балкан припаѓа во Европа, ние навистина припаѓаме на Европа и ние сме европејци исто како и вие. Токму затоа ние сакаме да бидеме со вас. Ајде заедно да зборуваме со нашите соседи, особено со Бугарија, да не се зборува веќе за историјата. Ние сме Македонци, како што Ромите се Роми, како што Албанците се Албанци, сите имаме наша сопствена историја, традиција и култура. Блокадата мора да сопре, да се обедини целиот Западен Балкан и сите да се приклучиме на Европската Унија. Сите Европејци заедно во Европската Унија!, потенцирал Димитриевски.

Градоначалникот изразил голема благодарност до Европратеникот Ромео Франц кој му ја врачил наградата, како и на сите членови на Ервопскиот Парламент, до Рома Актив Албанија и Мрежата ЕРГО, кои во соработка со ЕУ успешно го координирале овoj проект.

Слични содржини