Димитриевски: Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
172 прегледи

„Ја разбирам загриженоста на граѓаните поради загадувањето на воздухот во нашата општина. Тоа е генерален проблем, на кој интензивно како општина работиме. Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Мекедонија се гуши“ се веќе реализирани, но секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена“, вели во својата реакција на протестот во Куманово, градоначалникот на градот Максим Димитриевски.

„Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас за чиста животна средина“, додава тој.

Стотина граѓани денеска протестираа во Куманово против екстремното загадување на воздухот. Тие ги обвинија властите дека со години не преземаат ништо за да се справат со аерозагадувањето.

Куманово е еден од најзагадените градови, со 10 пати поголема концентрација на ПМ 10 честички од дозволеното.

Слични содржини