На церемонија организирана во хотелот „Double Tree by Hilton“во Скопје, вечерва Кошаркарската федерација на С.Македонија ги прогласи најдобрите во кошаркарскиот спорт кај нас за 2019 година.
Онаа главната, отиде во рацете на веројатно и најталентираниот млад македонски кошаркар – Ненад Димитријевиќ.
Со оглед на тоа дека има актуелни обврски спрема клубот за кој настапува, Хувентуд, популарниот Нено ги поздрави присутните со една видео-порака од Бадалона.
„Ви благодарам за наградата. Навистина ми значи да го добијам признанието од мојата држава за она за кое живеам, за кошарката. И благодарам на Кошаркарската федерација за номинацијата. И чест ми е да бидам наследник на браќата Стојановски“- порача најдобриот кошаркар на Македонија за 2019 година.
Андреј Јакимовски, кој го доби признанието за најдобар млад кошаркар за годината која заминува.
Заедно со Илина Селцова, која ја доби наградата за најдобра млада кошаркарка, момчето од Крива Паланка се изборот за најперспективни македонски кошаркари.
Во оној женски сегмент на најдобрите, како најдобра кошаркарка за оваа година беше прогласена Александра Стојановска, актуелна репрезентативка на нашата земја, и играч на албанскиот Фљамуртари.
МЗТ Скопје Аеродром е нашиот најдобар машки кошаркарски колектив за 2019 година. Клубот од Аеродром носи дома дури четири признанија. Освен што се најдобри во сениорска односно во младинска категорија, МЗТ Скопје Аеродром ги има и најдобрите тренери, Ѓорѓи Кочов во сениорска, а Горан Крстевски во младинска конкуренција.
Вардар пак е најуспешниот женски колектив, особено ако се земе в предвид дека го имаат најдобриот тим кај сениорките, но и најдобриот тренер, Жаклина Стојановска.
НАЈДОБРИТЕ ВО 2019 ГОДИНА ВО ИЗБОРОТ НА КФСМ
Бадел 1862 – НАЈДОБРА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА
МЗТ Скопје Аеродром – НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА (МЛАДИНСКИ ЛИГИ)
Владимир Ѓоровиќ – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА
Горан Крстевски – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА НА МАШКА ЕКИПА (МЛАДИНСКИ ЛИГИ)
Илина Селцова – НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА ЗА 2019 ГОДИНА
Андреј Јакимовски – НАЈДОБAР МЛАД КОШАРКАР ЗА 2019 ГОДИНА
Александар Милојевиќ – НАЈДОБАР СУДИЈА ЗА 2019 ГОДИНА
ЖКК Вардар – НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2019 ГОДИНА
МЗТ Скопје Аеродром – НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА (СЕНИОРСКИ ЛИГИ)
Жаклина Стојановска – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА
Ѓорѓи Кочов – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА НА МАШКА ЕКИПА
Емил Рајковиќ – НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА ВО СТРАНСТВО
Александра Стојановска – НАЈДОБРА КОШАРКАРКА ЗА 2019 ГОДИНА
Ненад Димитријевиќ – НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ КОШАРКАР ЗА 2019 ГОДИНА
Селекција – мажи „Под 16“ години: НАЈУСПЕШНА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА 2019 ГОДИНА