Младинскиот репрезентативец на Северна Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на
РК Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните”. Со доаѓањето на
Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот со цел одбрана на
европската титула.

Димитриоски иако е млад веќе има искуство со настапите во регионалната СЕХА Газпром лига и во
ЕХФ лигата на шампионите. Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија,
откако играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина и сите младински селекции во
репрезентацијата.
Тој пред тоа пет години настапуваше за екипата на Металург. Сезонава го освои Купот на
Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на
последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.