Димитров: Бугарија сака да имаме фуснота на јазикот

од Nikola Popovski

Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања, во интервју за „360 Степени“ изјави дали е можно вмешување на канцеларката Меркел, која добро стои и со Борисов и со Заев.

„Да. Имаме тука една таква ситуација и факт е дека канцеларката Меркел во Европскиот парламент спомена, еден од највисоките приоритети на германското претседателство во делот на надворешната политика ќе биде почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, и додаде, по можност со Албанија. И факт е дека влогот меѓу другото ни е заеднички и со Берлин и не исклчувам дека ќе има еден таков интерес. Ние мора да си го направиме нашето, да вложиме во овој однос со Софија и апсолутно да бидеме искрени, да бараме и да очекуваме еден пристоен однос и почит кон нас, што недостасува во овие хартии кои овие деновиве се промовираат и се јавуваат“, соопшти Димитров.

Тој изјави дека заслужуваме нашите соседи да не нѐ доведуваат во ситуација да имаме некаква фуснота на јазикот,  како одговор на прашањето, дали би прифатил јазикот да биде одбележан со фуснота.

„Македонскиот јазик е наша работа. Нас не ни требаат печати од други држави, признавања или непризнавања. И како што ние не се мешаме во работи коишто можеби им се свети или многу важни на нашите комшии, мислам дека е легитимно да очекуваме ист третман и кон нас“, рече Димитров.

Слични содржини