Димитров ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија, смета Бучковски

од Nikola Popovski

Поранешниот вицепремиер Димитров непотребно пред почнувањето на новата фаза со Бугарија, го обвини Османи, смета поранешниот специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

Бучковски потенцира дека тоа било зачудувачки за него.

-Неговите изјави ме изненадија. Непотребно ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија, тврди Бучковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, не треба да се брза со работата на Мешовитата историска комисија.

-Нема потреба од форсирање. Таму повеќе работи се случуваат меѓу двете заседанија на Комисијата. Таму постојано се разменуваат автентични документи и мислења, врз основа на кои треба да се постигнат резултати, појаснува Бучковски.

Слични содржини