Димитров го победи Надал и се пласира во полуфиналето во Пекинг

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Бугарскиот тенисер Григори Димитров со триумфот над Шпанецот, Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Пекинг.
nadal-grisho
Во четвртфиналната рунда, Димитров и Надал одиграа меч со голем број на грешки, за на крајот бугарскиот тенисер да се радува на победа од 2-0 во сетови и тоа со 6:2 у 6:4. Тој за противник во полуфиналето ќе го има Раониќ од Канада кој во два сета со идентични 6:4 и 6:4 го совлада шпанскиот тенисер Карено Буста.
Втората полуфинална двојка на турнирот во Пекинг ќе ја сочинуваат Британецот, Енди Мареј и Давид Ферер од Шпаниај.
Мареј кој е втор носител на турнирот за помалку од два часа го доби мечот против сонародник Кајл Едмунд со 2-0 со 7:6 и 6:2, додека неговиот противник во полуфиналето Ферер во маратонски меч славеше победа над Германецот, Александар Зверев со 2-1 во сетови со 6:7, 6:1 и 7:5.