Димитров: Меморандумот на Бугарија е навредлив, имам големи проблеми со него

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во емисијата „360 степени“ изјави дека е изненаден од тонот во Меморандумот од Бугарија до ЕУ.

„Имаме големи проблеми со него. Во определени делови е многу навредлив и не е во функција на градење на блискост и пријателство“, смета Димитров.

Според него, Бугарија од членот 2 од Договорот со Бугарија има обврска и да ги помага процесите на евро-интеграции.

„Ние поминавме многу сложен и благороден процес и овој тон и определени тврдења не помагаат и прават пречки“, вели Димитров.

Вицепремиерот вели дека според неговите сознанија овој документ засега не произведува последици во процедурата која е во тек во ЕУ, односно консултации на земјите членки по текстот на предлог-преговарачката рамка што првично ја подготви Европската комисија.

„Во моментов работите одат на линија на принципиелната позиција на ЕК, којашто излезе во македонската јавност, и во однос на македонскиот јазик и во однос на тоа како билатералните прашања се поставени во структурата на идната преговарачка рамка“, вели Димитров.

Слични содржини