198
„Чесно е да најавиме дека очекуваме позасилен ангажман на португалското претседателство за наш пробив во ЕУ во јуни и деблокада на македонските евроинтеграции“, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за емисијата „360“.
Според него, иако Португалија е географски далеку, сакаат успех и да го завршат тоа што го почна германското претседателство со ЕУ.
„Тие сакаат да ја спроведат одлуката на Советот на Европа од март 2020 година“, вели Димитров и додава дека во наредниот период се очекуваат извесни и директни контакти со повеќето земји-членки на ЕУ, како и директни македонско-бугарски средби и разговори.