Димитров: Потребен е целосен пресврт во политиката кон Бугарија, ние сме независна држава а не нечија провинција

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Не може да биде поочигледно дека е потребен целосен пресврт во нашата политика кон Бугарија, што ќе се темели на достоинството на нацијата, на европските принципи и на меѓународното право. И додека од другата страна нема спремност за добрососедски разговор што прилега на 21-от век, да се зафатиме со работа дома, вели во својот ФБ пост Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и вицепремиер задолжен за евроинтеграција.

Во меѓувреме, додава, односите треба да се приспособат на реалноста, а работите да се наречат со вистинските зборови.

„Ветото е непријателски чин. Уцена. Негирањето на правото на самоопределување е грубо мешање во суверенитетот и во една исклучиво наша работа. Тоа е непријателски чин. Еднаш за антиевропската бугарска политика кон Македонија реков дека со вакви „браќа” не ни требаат непријатели. Но, за жал, и со ваква надворешна „политика” на сопствената влада изгледа нема да ни требаат непријатели. Северна Македонија е независна и суверена држава, членка на НАТО, а не нечија провинција. Така треба и мора да се однесува“, истакнува Димитров.

Слични содржини