На вториот ден од Форумот што се одржува на Блед, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средби со заменикот помошник државен секретар на САД Брајан Хојт Ји и со заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готмелер.
На средбите, како што соопшти МНР, беа испратени охрабрувачки пораки и отворена поддршка на македонските евроатлантски перспективи.

Министерот Димитров изрази уверување до соговорниците дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на Алијансата.