Димитров се сретна со Рот: „Треба конечно да отпочнат пристапните преговори со ЕУ“

од Nikola Popovski
226 прегледи

На средбата со домаќинот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, вицепремиерот Никола Димитров денеска во Берлин ја пренесе загриженоста од македонска страна дека секое понатамошно одолговлекување со почетокот на преговорите со ЕУ може да предизвика зголемена недоверба кон европската перспектива, не само на Северна Македонија туку и регионот.

„По сè што направивме и по очекувањата за германското претседателство и минатиот декември ќе биде многу тешко и за македонските граѓани, но и воопшто за граѓаните на Балканот да веруваат дека Европа е сериозна ако нема конкретни чекори напред, и во нашиот случај, и во случајот на Албанија, и за некои други прашања за другите држави од регионот. Со право се чувствуваме на некој начин повредени, посебно кога така важни идентитетски обележја како што е македонскиот јазик ни се проблематизираат на пат кон една заедница којашто ја прославува различноста – и лингвистичка и културна на европскиот континент“, изјавил Димитров.

Државниот секретар за Европа во германското министерство за надворешни работи притоа нагласич дека германската влада ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.

„ На мислење сме дека треба конечно да отпочнат пристапните преговори. Силно го поддржуваме португалското претседателство, како би се овозможил почеток на преговорите во јуни оваа година“, истакнал Рот.

Во исто време, тој, ја охрабрил С. Македонија паралелно да работи на реформскиот процес, пред се’ на јакнење на правната држава, решителна борба против корупцијата, независно дејствување на судскиот систем, оти, како што рече, тоа не е важно само за Унијата, туку многу поважно е за граѓаните на С. Македонија.

Слични содржини