Димитров: Шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули

од Vladimir Zorba

Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“ вечерва се одржа во тетовско Јегуновце на која пред жителите се обратија носителот на листа во ИЕ 1, Никола Димитров како и Фаница Николоска, кандидат за пратеник и носител од редовите на СДСМ во ИЕ6.

–Мора да престанеме да бидеме жртва мора да бидеме победници, ниe не сме ништо понеспособни. Една сила е одлучна да оди напред. Нашата Македонија решила да оди напред, и дека нема да оди назад. Запознав многу успешни луѓе со моите патувања, има луѓе успешни, само систем ни треба. Или ќе ја донесеме ЕУ дома или сите ќе ни отидат во ЕУ. Ако сакаме ЕУ живот дома патот е да одиме до пристапните фондови. Сигурно е дека ЕУ ќе ни помогне со нивните фондови, но од нас зависи, ако не чини ќе не опоменат. Шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули, истакна Никола Димитров.

Според Димитров граѓаните на 15 јули имаат две опции да изберат.

–Планот наш е да го погледнме проблемот во очи и да преземе одговоррност како што направивм со влезот во НАТО. Од другата страана нема ниту план за државата ниту за граѓаните. Имаат план само како да обноват она што го правеа порано, да има заробена држава. Така беше овие три години, тие влечат назад, ние се обидуваме за напред, истакна Димитров.

Слични содржини