Димитров: Вархеји има пробугарски ставови

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров смета дека невообичаено е за еврокомесар како Оливер Вархеји да не даде изјава за медиумите.

-Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна. Реагирав на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме ова да не беа паралелните предлози на Вархеји, кажа Димитров во Дневникот на ТВ Сител.

Според Димитров, сме немале сојузник во овој еврокомесар.

-Ги поздравувам неговите изјави дека е разочаран, но дел од неговите активности се причина зошто немаме успех, наведува Димитров.

Слични содржини