Димитров: Велат нема да плаќаме во рубљи, а ако не платиме нема да добиеме гас

од Nikola Popovski

Доцниме со преземање на мерки во поглед на енергетиката. Дали е недостиг на знаење или приоритети. Деновиве прочитав некаде дека нашиот министер писмо ќе му прати на министерот во Бугарија да го праша дали ќе може Македонија да се снабдува со гас ако евентуално го купи од Русија и се дозволи да се плати во рубљи. Чудно е кога се наоѓате во кризна ситуација да праќате писмо. Се телефонира секој ден, требаше да се реши досега. Целиот свет ги полни резервоарите со енергенси. Сега ние во Македонија се уште купуваме околу 25% од потребната енергија. Што ќе се случи зимоска кога ќе трошиме повеќе енергија? Ќе треба да увеземе, вели професорот Константин Димитров.

Тој вели дека „не се плаши, но е загрижен за тоа што ќе се случи зимава“.

-Немаме информација дали е купено гориво за топлификациските системи во Скопје, немаме информација дали е купен јаглен за да може да работат РЕК Осломеј и РЕК Битола во зимскиот период. Прашањето е зошто ние не произведуваме потребна количина на енергија. Владата е должна да го смири народот, а народот ќе ѝ верува или не. Велат нема да плаќаме во рубљи, а ако не платиме нема да добиеме гас, а може и ќе не казнат. Може и Бугарите да речат „не ви даваме, ако оди гасот кон Србија, не дозволуваме“, додава проф. Димитров вестите на Тв Сител.

Слични содржини